По убод од морски еж побарајте лекарска интервенција

Еден чест проблем при уживањето на прекрасните плажи е стапнувањето на морски еж. Убодот од морски еж најчесто остава боцки во ногата. Повредата не треба да се обидете да ја санирате сами, туку веднаш да побарате лекарска интервенција.

Згазнувањето на морски еж остава боцки во ногата. Внимавајте, никогаш не ги отстранувајте сами. Зошто? Боцките од морскиот еж се многу кревки и лесно кршливи, па затоа никогаш не пробувајте да ги извадите сами. Доколку сами ги вадите, може да се случи парчиња од боцките да останат внатре во стапалото, а во таков случај тие се вадат само хируршки.

Откако лекар ќе ги извади боцките од вашето стапало, потребно е да земете антибиотска крема, хлорамфеникол или спреј енбецин. Исто така, смоквиното млеко и рибиното масло ќе ви помогнат да ја намалите болката на местото на убодот.

Убодот од медуза можете да го санирате сами, со вадење на влакненцето со пинцета. Местото не треба да се чеша, а треба да се намачка со антивоспалителна маст. Симтомите на гушење, неможност за дишење, интензивно црвенило, малаксаност, срцебиење и сл. укажуваат на потреба од итен лекарски преглед.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -