Убиство-Застрелан жител на гостиварско Дебреше

Денеска во 17:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско Дебреше од огнено оружје било пукано кон Р.К. (35) од Дебреше. Лицето им подлегнало на повредите. За кривичното дело осомничени се Ј.В. и Б.В. од истото село, кои биле во патничко возило „волво“ со швајцарски регистарски ознаки од кое било пукано.

„Б.В. бил приведен, предал и автоматска пушка со која била пукано, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.“, извести полицијата.

Извор