Убиен бегалец на бугарско-турската граница

BG_Gendarmerie_03

Бугарската влада потврди дека еден мигрант е убиен од страна на бугарската полиција. Настанот се случил на бугарско-турската граница во близина на Седеч.

Имено станувва збор за група од педесетина бегалци кои илегално успеале да ја преминат границата.

Секретарот за внатрешни работи Георги Костов изјави дека бегалците биле Авганистанци и пружиле отпор при апсењето.

Еден од полицајците испукал предупредувачки куршум кој се одбил и погодил еден од бегалците. Останатите 48 бегалци се уапсени.

- Реклама -