28-годишната убавица дефинитивно знае како да ужива, а обожавателите ги почасти со нова секси фотографија.
Моделот Ирина Шајк објави секси фотографии на својот Инстаграм профил за време на својот одмор во Мексико.
Овој 28-годишен модел се одмара на плажа, а нејзините фотографии би можеле да послужат како разгледница кои, не се сомневаме, брзо би се распродале.
Ирина со право е горда на своето стегнато тело и тоа со задоволство го покажува додека се одмара од своите работни обврски. А се чини дека оваа убавица дефинитивно знае како да ужива.
Неодамна објави фотографија на која во раните утрински часови практикува јога. „Добро утро“ напишала под фотографијата.
Нејзиниот познат дечко, фудбалерот Кристијано Роналдо, ѝ се придружил во Мексико, бидејќи тој ја добил најголемо државно одликување на Португалија- Ред на принцот Хенри.