Се сеќавате на убавицата која се сончаше на Филипинските плажи заедно со нашиот познат рапер Тони Зен за време на шоуто „Survivor“? Да, сигурно погодивте дека станува збор за неодоливата долгонога бринета Катерина Вучетиќ, која остави длабок впечаток во нашите сеќавања, пленејќи не со нејзината природна убавина и шарм. Епа, токму оваа позната манекенка вчера беше главна тема во балканските медиуми благодарение на венчавката со нејзиниот најдобар пријател со кој се знаат 13 години. Погледнете каква невеста била таа.