Убави мисли за убавината на жената

Жените не можат да се разберат, тие едноставно треба да бидат сакани. Емоционални, помалку луди, ранливи и непредвидливи – тоа се тие, а светот никогаш не би бил ист, ако жените не беа онакви какви што се.

1. Убавата жена е допадлива во очите, а добрата во срцето – едната е скапоцен камен, а другата е богатство. – Наполеон

2. Лицето на мажот е неговата автобиографија. Лицето на жената е нејзината имагинација. – Оскар Вајлд

3. Мажите се научени да се извинуваат за својата слабост, жените за својата сила. – Луис Вајс

0458563001438160152_0

4. Мажите секогаш ќе ја паметат онаа жена, која им предизвикала загриженост и непријатност. – Коко Шанел

5. Телото, тоа е најмалото нешто што може да му го даде жената на мажот. – Ромен Ролан

6. Постојат три работи што треба да ги направите со една жена. Треба да ја сакате, да страдате заради неа или да ја претворите во литература. – Хенри Милер

7. Ниту една жена не добива оргазам од сјајот на кујнскиот под. – Фрида

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

0224333001438160156_0

8. За да стигне до срцето на една жена, мажот мора прво да го користи своето. – Мајк Добертин

9. Жените се подготвени да флертуваат со секој, под услов да има кој да ги гледа. – Оскар Вајлд

10.  Мажите кои зборуваат лошо за жените, обично имаат на ум само една жена. – Реми де Гурмон

11. Можете да најдете жени кои никогаш немале љубовници, но тешко е да најдете такви кои имале само еден. –  Франсоа де Ларошфуко

12. На жените кои се стремат да бидат еднакви со мажите, им недостасува амбиција. – Тимоти Лири

0837960001438160157_0

13. Најубавата облека која една жена може да ја облече е прегратката на мажот кого го сака. – Непознат автор

14. Секоја девојка треба да ги користи даровите на мајката природа, пред таткото – време да и ги земе. Питер Лоренс

15. Би ми било многу полесно да ја помирам цела Европа, отколку неколку жени. – Луј XIV

16. Најубавата шминка за една жена е страста. – Ив Сен Лоран

- Реклама -