Уапсена пејачката на групата „Gossip“

Бет Дито, пејачката на популарната група „Gossip“ е уапсена под дејство на алкохол во Портланд.

После проводот во еден клуб, Бет излегла од автомобилот, застанала на сред улица со подигнати раце и започнала да вика: „Обама, Обама!“, по што била приведена во полициска станица.

Во полицискиот извештај стои дека пејачката го блокирала сообраќајот бидејќи успеала да застане четири автомобили, а приведена била бидејќи не сакала да ги послуша наредбите на полицајците да се тргне.

- Реклама -