Уапсена најопасната жена на светот: Ја предал љубовникот

Една од најпознатите жени платени убијци во Мексико, Мелиса Маргарита Калдерон Оједа (31) била уапсена откако ја предал партнерот кој се договорил со властите во замена за информации за неа да му ја намалат затворската казна.

v194002

За Калдерон Оједа во светот на мексичкото подземје позната како „La China“, се верува дека е на чело на група од 300 убиијци, а одговорна е за повеќе од 150 убиства во изминативе 10 години.

Мексиканските власти известија дека таа била уапсена на 19 септември без престрелки благодарение на податоците кои укажувале на детали за тоа каде се крие. Меѓутоа, според информациите кои кружат низ медиумите, Калдерон била предадена од страна на нејзиниот партнер Хектор Педро Камарена Гомез, кој бил уапсен претходно.  Калдерон била сопрена на аеродром во Лос Кабос и така завршува нејзината „кариера“.

Во светот на криминалот влегува во 2005 година започнувајќи љубовна врска со припадник на картелот Дамасо кој е поврзан со најпознатиот мексикански наркокартел Синалоа. Иако станува збор за свет во кој доминираат мажите, Калдерон успеала да се искачи на самиот врв газејќи преку лешеви.

- Реклама -