Грчката полиција уапси 35-годишен маж под обвинение дека ги подметнал пожарите во областа Маратон, и тоа додека истовремено беснееја пожари во Мата.
Обвинетиот при апсењето пружал отпор и се обидел да побегне, но подоцна во полиција признал дека сака да подметнува пожари и потоа да ги набљудува пожарникарите додека се обидуваат да ги изгаснат.
Се смета дека уапсениот со запалка подметнал пет пожари во Маратон. Два од нив ги подметнал на 26 јули.
Во меѓувреме, роднините и настраданите одлучија да ја тужат државата, а не стивнуваат и притисоците во јавноста за преземање вистинска одговорност на надлежните – во форма на оставки, а не само „политичка“, каква што презема Ципрас.