Таман ќе помислиме дека работите ќе останат на статус кво некое време – ете ти некоја новина без која не можеме да си го замислиме животот. Еве еден водич за еден таков растечки феномен: Twitter.
Таман ќе помислиме дека работите ќе останат на статус кво некое време –
ете ти некоја новина без која не можеме да си го замислиме животот. Еве
еден водич за еден таков растечки феномен: Twitter.
Технолошки упатените читатели веројатно знаат што е тоа, со оглед на фактот што Twitter настана пред повеќе од една година. За оние другите незнајковци (каква што е и авторката на овој текст) еве еден краток почетен курс.
Twitter е сервис за пријатели, членови од семејството, познаници, колеги од работа, познати и непознати, кој им овозможува размена на брзи и кратки пораки. Во принцип, станува збор за кратки пораки, кои се нарекуваат tweets, а кои се состојат од 140 знаци или помалку. Ова и не е некоја новина со оглед на тоа што многу корисници на Facebook се користат со „статусите“ како основен вид на комуникација на овој сервис. Twitter е само логично продолжување на овој тренд.
Tweet-овите се ставаат на профилот на корисникот или блогот односно се испраќаат на „следбениците“, а можат да се пронајдат со помош на Twitter search. „Следбениците“ се корисниците кои добиваат Twitter updates од некој автор. Освен тоа, постои можност да се добиваат најновите твитови и на мобилен. Како и на Фејсбук, профилот може да се заштити т.е. да биде видлив само за избраните пријатели.
Се разбира, веќе се развија и бројни теории за Twitter, како онаа која вели дека постојат два типа на корисници: „респондери“ или оние кои на тој начин комуницираат со другите од оваа заедница и кои ќе се налутат доколку не се одговори на нивниот tweet, додека „broadcaster-и“ се оние корисници на кои Twitter им е некој вид на мини-блог и кои не се допишуваат со другите. Најнова е појавата на феноменот twittliture или Twitter литература во која се пронајдоа многумина амбициозни блогери.
И на крај, за сликата да стане појасна еве и едно видео поврзано со Twitter феноменот.