Twitter претстави двостепeна верификација

Twitter конечно објави двостепена верификација на профилите на своите корисници. Тоа се случи, откако голем број профили на големи компании во мрежата беа нападнати од хакери.

Од компанијата ја нарекуваат новата функционалност login verification. Практично, таа работи на ист начин како и кај останатите мрежи како Google на пример.

Откако влезете во сметката, од Twitter ќе ви испратат SMS со код, на наведениот од вас телефонски број, кој треба да го внесете. Системот ќе бара тоа од вас секој пат кога ќе излегувате и влегувате повторно во сметката. Новата функција може да активирате сами од менито со поставки, но за таа цел нормално треба да имате постоечки имејл и телефон.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -