Долго време, пребарувањето на Twitter наликуваше како да е од минатиот век, особено кога ќе се спореди со напредните опции на Google. Сега, сето тоа ќе се промени.
Од платформата за микроблогирање најавени се три позначајни промени. Прво, налик на пребарувањето на Google, како што ги впишувате буквите, ќе се појавуваат термини кои се најчесто пребарувани и најблиску до она што го внесувате. Заедно со autocomplete, Твитер воведува и autocorrect, поправка на спелингот како што пишувате. Потоа, ќе можете да одберете еден од термините или корисниците што ќе се појават во паѓачкото мени.
Второ, пребарувањето ќе стане многу подобро, кога станува збор за потрагата по релевантни и актуелни термини, особено во ситуации кога за еден настан се користат повеќе различни називи. Твитер ќе ви дава сугестии на сродни теми, т.е. ќе ве насочува кон местото каде што најголемиот дел од корисниците разговараат за она што го пребарувате.
Трето, откако ќе завршите со пребарувањето, на располагање ви стои уште една опција – стеснување на опсегот на пребарување – поточно, да ги видите резултатите само од корисниците што ви ги следите. Таа опција ќе биде додадена до стандардните филтри TOP и ALL, за комплетно да се изолирате од остатокот од сервисот, доколку тоа ви е желба. [Twitter Search Gets Smarter, Adds Autocomplete]