Twitter Alerts – помош при природни катастрофи

Компанијата Twitter успеа да воведе нова услуга во рамките на својата социјална мрежа. Станува збор за услуга во која брзо ќе се шират информациите при вонредни ситуација во светот. Twitter Alerts ќе овозможи твитовите на други организации да се истакнат, кога други начини на комуникација се недостапни.

Ова претставува една опција, која ќе се активира во моментот на кризи и катастрофи и освен тоа што ќе служи како средство за информирање при природни катастрофи, ќе ви нуди и упатства како да ги надминети тие непријатности за да преживеете и ќе ги наведува информациите за евакуација.

Директорката на одделот за развој Gaby Peña го изјави следното: “Знаеме колку им е важно на нашите корисници да добиваат проверени информации во такви моменти. Twitter Alerts е нов начин на примање прецизни и важни информации во моменти кога најмногу ви требаат”

Откако корисникот ќе се претплати на твитовите на некоја организација, тие ќе му стигаат преку СМС пораки. Доколку корисникот има твитер апликација за iOS или Андроид оперативни системи, освен СМС пораки ќе му стигаат и push нотификации со икона портокалово ѕвоно.

Во Twitter Alerts програмата до сега се вклучени преку 100 владини и невладини организации од САД, Јапонија и Јужна Кореја, а планот е да се вклучат уште организации и јавни установи од целиот свет.

[youtube]http://youtu.be/ESlU2huEJ60[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -