И додека Македонија го слави големиот државен празник 11 октомври и 78 години од почетокот на народноослободителната борба против, пред сѐ, бугарскиот фaшиcтички oкyпатop, Бугарија е зафатена со поставување услови, од чие исполнување ќе зависи нејзината поддршка за евроинтеграцискиот пат на земјава.
Во долгата листа на желби, Бугарија бара Македонија да се откаже од било каква политика која води кон барање за признавање на „таканареченото македонско малцинство“ во Бугарија, бара Македонија да испрати нота до Обединетите нации во која ќе посочи дека „Северна Македонија“ не се однесува на „географскиот регион Северна Македонија, од кој дел се наоѓа во Бугарија“, потоа бара ЕУ да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“ наместо „македонски јазик“, па дури бара и од Албанија „до максимален степен“ да го гарантира правото на „бугарското малцинство“ (за Бугарија македонското малцинство во Албанија е бугарско) да го изучува книжевниот бугарски јазик како мајчин јазик, во сите региони каде ова „бугарско малцинство“ живее (при што се набројани Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Елбасан и Кукс). Сепак, меѓу главните барања на Бугарија е во македонските учебници и на спомениците од Втората светска војна, бугарскиот фашистички окупатор да не биде нарекуван „бугарски фашистички окупатор“.
Македонските твитерџии не останаа без коментар на ваквата апсурдна ситуација. Напротив, користејќи го своето најсилно средство – саркастичниот хумор, тие ѝ излегоа во пресрет на Бугарија и бугарскиот фашистички окупатор почнаа да го ословуваат со „бугарски туристи“ и „бугарски тур оператор“. Резултатите, кога ќе се тргне настрана тpaгичната историска реалност, се пресмешни:
бугарите носеле вода во втора светска војна, ништо посебно
— Јана (@janagochevska) October 10, 2019
Този фашист не е фашист
— Εφτελια (@eftelijanamajka) October 10, 2019
Ретка слика од прослава на македонските бандити откако од Битола ги избркале бугарските туристи и германските инвеститори во далечната 44та.
Нека ни е честит 11ти. pic.twitter.com/b9U8kE83sw— Emilijano (@EmilijanoJ) October 10, 2019
секаде каде што пишува фашистички окупатор да се пишува нефашистички неокупатор (намиг)
(идејата е на @dArsovec)
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) October 10, 2019
„Александар Белев (во средина), Бугарски комесар за Еврејски прашања, ја надгледува бесплатната туристичка посета на Полска на Евреите од Македонија. Март, 1943“, се шегува Твитер корисникот „Ја Ничарче“.
Alexander Belev (center), Bulgarian commissar of Jewish Affairs supervising the free tourist visit of Poland for Jews of Macedonia. March, 1943. pic.twitter.com/cCHtUOBeFZ
— Ја Ничарче (@JaNicharce) October 10, 2019
Ретка слика од туристички ваучер за бугарската војска во Македонија.
1941 pic.twitter.com/sSOsNOEjjH
— БаБаРоГ /////////// (@LepceSoSalamce) October 10, 2019
„Дали знаевте дека Бугарија не учествувала во Втората светска војна? Наместо тоа тие пратија голем број туристи во соседните земји? Овде можеме да ги видиме во близината на Страцин со нивниот туристички автобус“, се шегува твитерџијата Џото.
did you know that bulgaria didn’t participate in the second world war? instead they sent a lot of tourists in the neighboring countries?
here we can see them near strazin with their tour bus pic.twitter.com/B1EtWeUe6v— Џото (@Giotto_mkd) October 10, 2019
„Еве неколку Бугари со нивните тур оператори од Германија“
here are some bulgarians with their tours operators from germany. pic.twitter.com/CaEXVrPdGY
— Џото (@Giotto_mkd) October 10, 2019
„Овде Бугарите расчистуваат рид што локалните го оставиле прекриен со ѓубре“
here the bulgarians are cleaning up a hill that the locals left riddled in garbage pic.twitter.com/4Z9UKGIkII
— Џото (@Giotto_mkd) October 10, 2019