По одлуката на Владата што важеше до вечерва– кафетериите и рестораните да работат до 18 часот, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат излегоа на терен. Се собраа во 17:30. Ги ставија маските и ракавиците и со униформа се качија во автомобили. Десетици инспектори се распоредија на разни локации во Скопје – некои во центарот на градот, а некои во околината. Во 18 часот излегоа на терен.
Во повеќето од локалите во Дебар Маало светлата беа изгаснати, и можеа да се забележат само сопствениците, кои рекоа дека веќе затвораат, но не видовме ниту еден клиент. Слично беше и на второто, третото и четвртото место што го посетија. Но, ваков случај не беше и со овој локал, во кој имаше многу луѓе. Сепак сопственикот се спаси од кривична пријава, која е предвидена за оние кои нема да ја почитуваат владината мерка. Откако инспекторите завршија со нивниот дел кој требаше да го исконтролираат, отидоа на пауза. Рекоа дека подоцна ќе излезат повторно, со цел да проверат дали некој локал повторно е отворен, објави ТВ21.
Екипата на ТВ21 продолжи сама и без инспектори. Во 18 и 30 часот дојдовме на улицата „Јахја Паша“. Рестораните беа затворени, но во чајџилниците сѐ уште имаше луѓе. Иста ситуација беше и со чајџилниците што се наоѓаат блиску до скопскиот стадион. Кога се приближивме да поразговараме со одговорниот на чајџилницата, тој ја нападна екипата на ТВ21, и тоа со доста банални зборови.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.