Ретко може да се види некој нов филм без предупредување дека не смее да се копира, дистрибутира или прикажува. За да знаете дали филмот е пиратски, обично на горниот екран има текст на кој пишува чија сопственост е истиот. Но, филмовите на Warner Bros., – самиот текст е пиратски!

Warner Bros. компанијата е тужена за пиратско користење на анти-пиратска технологија.
Во 2003, компанијата Medien Patent Verwaltung им ја покажа на Warner Bros. нивната технологија за обележување на филмовите – начин на наоѓање пиратски копии и враќање во нивната филмска куќа. Се било, барем според Medien Patent Verwaltung, строго доверливо и се надевале на „фер соработка“. Но, наводно, Warner Bros. оттогаш ја користи таа технологија,…без да плати ништо.
Medien Patent Verwaltung има патент на својата технологија и сега ги тужат Warner Bros. Имаат патент и за „Филмско анти-пиратско кодирање“, исто така. Додека судовите одлучуваат дали тужбата е валидна или не, самата тужба покренува многу прашања во светот на филмот. Имено, можно е овој патент да важи интернационално – така што сите филмови се на „мета“.