Тупурковски: Србите се зaкaнувaa со „кpв дo кoлeнa“ !

На 9 јануари 1992 година, во Охрид, се одржал драматичен состанок на македонското со српското раководство. Од македонска страна присуствувале Васил Тупурковски, Киро Глигоров и Стојан Андов. Српската делегација била составена од  претседателот Милошевиќ, членот на Претседателството на СФРЈ, Јовиќ, и министерот за надворешни Јовановиќ.

Средбата започнала во предвиденото време, но ја започнал,  невообичаено, Јовиќ. „Ќе падне кpв до кoлeна“ ако не се формира мини-федерација без Словенија и Хрватска, открива Тупурковски – член на последното Претседателство на СФРЈ, во гоствувањето во „Само Интервју“, од кое првиот дел ќе биде емитуван денеска во 18:30 часот на „Канал 5“.

Идејата за мини-федерација заслужува големо внимание во сите средини, па и во Македонија, истакнал Јовиќ и изразил очекување дека македонската страна ќе прифати, за да нема таква драматична разврска, вели Тупурковски.

 

Во првиот дел од интервјуто, Тупурковски, освен за pacпадот на Југославија, открива и зошто подолг период е отсутен од јавноста, а ќе зборува и за „тајванските кредити“.

Во вториот дел од интервјуто, Тупурковски ќе зборува за независноста на Македонија, предлозите за името од 92 година и Преспанскиот договор, односите со Глигоров, проектот Тајван, и подемот и падот на Демократска алтернатива (ДА). Ќе биде емитуван во недела во 20 часот, најави „Канал 5“.

- Реклама -