ТУНА САЛАТА: Брзинска ужина кога немате време, а ви треба нешто здраво и освежително

Потребно ви е: (за 4 лица)

2 лименки филе туна во растително масло
3-4 варени јајца
150 гр краставици
1 лажичка сечкан власец
1 чешне лук
40 мл маслиново масло
1 лажица јаболков оцет

Подготовка:

Филетите туна исечкајте ги на помали парчиња, а потоа измешајте ги со сечканите варени јајца, краставиците и власецот. Додадете лук, маслиново масло и јаболков оцет. Лесно измешајте ја салатата, па ставете ја во фрижидер да се излади.

- Реклама -