Цвекло во тегла: Направете сами кечап или црвено песто

Зимница полна со вкус: Намаз без конзерванси и адативи одличен за појадок со тестенини или сендвич. Цвеклото можете да го користите и за подготовка на сос за пица.
Цвеклото е ризница на здравје и сласт, а за да го зачувате за цела година подгответе вкусен намаз .

Цвеклото можете да го печете замотано во алуминиумска фолија или да го готвите на пареа, а готово е тогаш кога ќе можете лесно да го прободете со нож.

Печено цвекло, кафеав шеќер и јаволков оцет, се најчетите главни состојки за домашен кечап. Додадете каранфилче, лук и кромод во прав.

Црвен песто со лук

775_81359

Состојки:

3 цвекла

главица лук

4 лажици маслиново масло

крупна сол

бибер

лимон

4 лажици пармезан

50 г. бадем или ореви.

Подготовка: Главиците лук исечете ги на врвот и излупете ги. Цврсто замотајте ги во алуминиумска фолија. Измиеното и исушено цвекло замотајте го во фолија и ставете на лим за печење. Печете ги цвеклото и лукот на 190 степени околу 1 час. Во блендер се мешаат сите производи. Се мелат се додека не добиете глатко пире.

Кечап

Измешајте го сецканото цвекло со јаболков оцет, кафеав шеќер и лук.

Гответе додека не омекне.

Испасирајте го и додадете бибер, сол и каранфилче.

Наздравје 😉

 

- Реклама -