“Црвената планета“ е всушност сина?

И додека Интернет е фокусиран на „фустанот“, роверот Кјуриосити откри дека човештвото било во уште една голема заблуда околу боите. Марс не е црвен, туку син.

Тајната е конечно откриена, откако неделава, роботската дупчалка на Кјуриосити продре низ површината на планетата. Дупчењето на карпата наречена „Telegraph Peak“ резултираше со син прав, што докажува дека карпестиот слој близу површината е всушност сина.

Mars

Црвената боја на површината на Марс е всушност ‘рѓа – слој од прав за кој се смета дека  потекнува од активноста на античките вулкани на планетата, според НАСА.

Меѓутоа, некои од карпите под површината се составени од поинаква материја.

Кјуриосити дупчи камења на локацијата наречена „Mount Sharp“, со цел да собере податоци за тоа како античките влажни околини на Марс еволуирале во посуви. Наскоро, роверот ќе замине од локацијата и ќе се премести нагоре по „планината“, за да истражува нови видови на камени слоеви.

- Реклама -