Црна мајка, црн татко, децата – потполно бели!

Росамера Фернанда де Андраде (31) има три деца со црна боја на кожата, и еднакво толку чија кожа и коса се целосно бели.

Кога во болницата во која се породила и донеле потполно бело бебе со сини очи, Бразилката помислила дека станува збор за некаква грешка. Меѓутоа, докторите и објасниле дека таа и нејзиниот тогашен сопруг се носители на албино гени.

Од тогаш изминале 14 години, а нивното семејство привлекува внимание каде и да се појави.

533348_profimedia0210038334_ff

„Луѓето не гледаат со чудење кога сме сите заедно. Чуварот на еден трговски центар мислел дека само три деца се мои, а дека на останатите три сум им дадилка. Има и такви кои мислат дека сум го изневерувала поранешниот сопруг со белец“, изјавила Росамера.

Додека Жоао (13), Ребека (5) и Марија (2) можат безгрижно да си играат во дворот во било кое време, Рут (14), Естефани (12) и Кауан (9) можат да излезат надвор само доколку се намачкани од глава до пети со заштитна крема за сончање.

533347_profimedia0210038418_ff

„Нивната кожа нема природна заштита од сонцето и се плашам еден ден да не заболат од рак. Не ги пуштам да излегуваат од куќата без шешири и облека со долги ракави“, вели Естефани.

Албино децата се често тажно бидејќи не можат да прават некои работи како нивните две сестри и братот.

„Во текот на летото живееме како затвореници или вампири“, додала Естефани.

- Реклама -