Поради порастот на бројот на случаи на коронавирус, односно кумулативната инциденца, Црна Гора повторно го враќа полицискиот час на сила, во периодот од 28 септември до 12 октомври.
Полицискиот час ќе стапи на сила во три градови: Никшиќ, Беране и Андријевица. Како што соопшти црногорската влада, а пренесуваат медиумите од Подгорица, забрането ќе биде напуштање на домовите во периодот од 22 часот до 05 часот наутро, а ќе биде забранета и работата на угостителските објекти и домашните посети (гости).
(2/2) #NKT: Kumulativna incidencija #COVID19 po opštinama za period od 12.09.2020. do 25.09.2020 u 24:00 i odgovarajuće mjere: #CoronaInfoCG pic.twitter.com/oWcfZgzCrq
— Vlada Crne Gore (@VladaCG) September 26, 2020