Светлана Цеца Ражнатовиќ заедно со нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ дадоа заедничко интервју за најновиот број на магазинот Hello!. Тие открија многу детали од приватниот живот, а меѓу другото Цеца ги сподели своите чувства за заминувањето на нејзиниот син Вељко во Бања Лука. Исто така тие две збореа и за врската на Анастасија со момчето Костадин Терзиќ.
Цеца изјави дека во целост го подржала Вељко и неговата одлука да го напушти Белград. Таа меѓу другото, е среќна и горда на својата ќерка поради нејзиниот избор на момче.
Анастасија ги демантираше шпекулациите од медиумите дека раскинала со своето момче и изјави дека во врската никогаш не им било поубаво.