Српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, одржа во саботата концерт за паметење пред преполната спортска сала „Борис Трајковски“.
Пејачката на сцена излегла во долг елегантен фустан и заедно со бројната публика ги пееше своите најголеми хитови. Својата љубов кон нашата земја Цеца ја покажа со веење на македонското знаме на сцената и така настапувала еден дел од концертот.
Покрај нејзините хитови, таа даде своја интерпретација на македонската народна песна „Зајди, зајди“, која не ја остави рамнодушна публиката.
Дел од атмосферата на концетот на Цеца во Скопје, погледнете ја ОВДЕ: