Нејзините пријатели велат дека и се додворуваат многу, но таа е како тврдина што не се освојува, а ќе ја добие некој кој е целосно реализиран и исклучиелен маж.Во разговор за „Блиц“ Цеа вели дека верува дека ќе ја пронајде љубовта, кога најмалку ќе се надева.
„Живеам мирен, повлечен живот и тоа не е никаков стереотип или филмање. На тој начин не си скратувам ништо бидејќи за љубов не се брза и не се бара, таа се наоѓа кога така треба. Пријателите се шегуваат со мене дека дома го чекам вистинскиот“, вели таа.
Цеца признава дека ретко излегува.
„ Не талкам низ градот, бидејќи не сакам да излегувам без повод, така што потенцијалните додворувачи немаат многу можност да ми се доближат. веројатно одбивам некој со тоа, но сигурно не силните и способни мажи. СЕбе не се доживувам како недостижна, како и сите жени и јас сум ранлива и гладна за љубов, но професијата создава друга перцепција за мене. И во такви околности имам додворувачи“.
Фолк дивата открива дека со неа мажите веднаш знаат на што се.
„ Јас сум тип на жена која не се додворува прва, бидејќи не сметам дека мажите треба да се трудат и да освојуваат. Ако некој ми се допаѓа, директна сум и нема дилема. Исто е иако не ми се допаѓа некој. Никому не му пружам лажна надеж, бидејќи сакам фина комуникација“.
Цеца вели дека нејзините деца не се мешаат во нејзините избори.
„ Моите деца, како и целата фамилија навиваат да најдам некој и да бидам среќна. Некој ќе ми пружи вистинска љубов“, завршува таа.