И Цеца ја испеа „Зајди зајди“: Да гласаме, која изведба е најдобра

Најголем впечаток од концертот на Цеца во Скопје, ни остави изведбата на старата македонска песна „Зајди зајди“, со што српската дива успеа да ја крене публиката на нозе.

Видеото од овој настап со огромна брзина се шири на социјалните мрежи. Им го посветуваме на оние кои што го пропуштија настапот во живо.

Сепак, за малку „зачинетост“, решивме да направиме една музичка битка. Потсетете се, па можете да пишете чија изведба ви е омилена?

Неодамна песнава ја испеа Елена Ристеска, како дел од шоуто „Твоето лице звучи познато“, во имитација на ромската кралица Есма Реџепова.

Тука е и Даниел Кајмакоски

Тоше Проески

- Реклама -