Балканската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ изјавила дека сака повторно да се омажи и дека церемонијата би сакала да биде на плажа каде би присуствувале само најблиските пријатели и семејството. Цеца не крие дека веќе долго време нема партнер но дека би сакала искрено да се вљуби повторно.
„Не би била искрена кога би рекла дека не размислувам повторно да се омажам. Дали би правела свадба? Верувам дека не, својата свадба ја замислувам како мала интимна забава каде би ги поканила само најблиските пријатели и роднини и не би имало повеќе од десетина луѓе“ – изјавила Цеца.
„Да бев вљубена можеби ќе имав повеќе идеи на таа тема. Сега мислам дека никогаш повеќе не би се омажила, но никогаш не се знае. Можеби преку ноќ би го сменила мислењето, доколку повторно се вљубам“ – вели Цеца.