На денешната 150-та владина седница, по предлог на Министерството за образование и наука, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата и даде позитивно мислење за основање на ново основно училиште во Општина Центар, кое ќе го носи името на првиот претседател на Македонија – „Киро Глигоров“.
Се работи за новото основно училиште во населбата Капиштец, за чие именување Општина Центар спроведе анкета меѓу граѓаните. Токму „Киро Глигоров“ било името што центарци најчесто го предлагале, пренесе „САКАМДАЖАМ.мк“.
Првите генерации ученици ОУ „Киро Глигоров“ ќе ги прими веќе од септември, во учебната 2019/2020-та година, истакнуваат од Владата.