Цените на скопскиот аеродром: За чипсче и водичка – 355 денари (ФОТО)

На друштвените мрежи денеска се врти фотографија од фискална сметка од скопскиот аеродром. Како и во 99.9% од случаите кога сметка е популарна на социјалните мрежи, така и овде главната причина е високиот износ.

На многумина ова им делува прескапо, макар што и се очекува цените на аеродром да се повисоки. Сепак, 90 денари за вода?

Имено, кој и да е купувачот, сѐ што купил е чипс од 75 грама и две шишиња вода од 0.5л. За сето тоа платил… 355 денари. 175 денари за чипсот, а 180 денари за вкупно 1л вода.

 

- Реклама -