Некои експерти очекуваат дека растот на цената нема да застане тука и дека унца злато на почетокот од следната година ќе се продава и за над 2.000 долари.
Златото бележи голем раст на цената и таа во моментов е на највисоко ниво во последниве седум години, а на ваквиот пораст влијае стравот на инвеститорите кои бараат финансиско прибежиште во страв дека корона вирусот би можел да предизвика погубни штети на светската економија.
Цената сега за една унца изнесува 1800 долари. Само за споредба пред четири недели златото се тргуваше по цена од 1400 долари за унца.
Со новата цена златото е на највисоко ниво од октомври, 2012 година.
Аналитичарите сметаат дека и покрај глобалното влошување на економското расположение, сепак на златото „може да му се верува“.
Врз цената исто така влијае и тоа што изминатиов период голем број централни банки зедоа учество во државните пакети за помош.
Некои експерти очекуваат дека растот на цената нема да застане тука и дека унца злато на почетокот од следната година ќе се продава и за над 2.000 долари.