Цена на еден хит: „Ромале, Ромали“ чинела 30.000 евра

Авторот на песната „Ромале, Ромали“ Зоран Лесендриќ, која ја пее Ана Николиќ, е најскапата песна на регионската естрада.


За албум пејачите одвојуваат и до 150.000 евра. Економската криза ги спуштила цените, но за добра песна пејачите се подготвени да платат и 30.000 евра! Толку Зоран-Кики Лесендриќ заработил на песната „Ромале, ромали“.

– Песната „Ромале, Ромали“ ми донесе 30.000 евра, но тоа не е голема сума ако се земе во обзир дека Ана Николиќ со неа заработи 300.000 евра- вели Кики за „Блиц“.

Но, ако сте мислеле дека само балканските ѕвезди плаќаат многу, сте се излажале. Меѓу светските ѕвезди најмногу пари за песна издвоила Ријана. Убавицата од Барбадос за само песната „Man Down“ дала 1.078.000 долари. Тоа го отркил Реј Дениелс, член на музичкиот тим кој го напишал тој хит.

- Реклама -