Роберт Коцев по професија е офицер на Армијата, со многугодишно војничко искуство. Вели дека енергијата која ја има како војник, исклучително му помага да успее во креативниот свет на уметноста. Тоа значи дека оние атрибути кои се потребни во војничката професија како дисциплина, физичка издржливост, психичка енергија, стабилност, мотивираност, желба за успех се и те како потребни во неговиот уметнички свет.
Скоро целото слободно време и го посветува на уметноста, трудејќи се да не го запоставам семејството и дружењето со пријателите. Во моментите на набој на голема количина на енергија, позитивна или негативна влегува во неговиот свет или негов рај, како што милува да ја нарече работилницата и преку креирањето настојувам да ја смири енергијата. Забележал дека ако има главоболка таму се завршува. На навидум неупотребливите, фрлени парчиња дрво тој им дава форма и функција. Потребата од елементи за внатрешно и надворешно уредување на неговиот нов дом му биле плус мотивација да ги реализира замислени проекти. А предноста на живеењето во дом целосно изработен од дрво е тоа што ги буди емоциите како и секоја уметност затоа и е скапа.
Како дојдовте на идеја да изработувате мебел и предмети од дрво, да му дадете функција во просторот, колку време се занимавате со ова?
– Откако знам за себе имам уметничка енергија која во текот на мојот живот, сум ја изразувал низ разни облици на уметност. Но, со оваа уметност активно се занимавам од 2006 година. Пред се инспирација добив од една фотографија, на која беше една необична гарнитура за седење. Изгледа тоа беше моментот кога оваа моја инспирација бараше конкретна реализација. Уште кога ќе се додаде на ова, дека имав потреба од елементи за внатрешно и надворешно уредување на мојот нов дом, тоа беше плус мотивација да ги реализирам моите замислени проекти. Пред се сметав дека со таквата енергија која ја имам, имав моќ да изработам уникатни, уметнички и употребливи елементи за мојот дом. Со други зборови сакав да развијам сопствен уметнички проект, автентичен на моите визии.
Која беше првата ваша изработка?
– Од моментот кога ја добив таа инспирација веднаш се фатив за работа. Првиот мој проект кој го прифатив како предизвик, беше стол за седење изработен од парчиња дрва во природна форма. Дури тогаш сфатив дека е ова така сериозен проект за кој треба многу работа, многу искуство, енергија и мотивација. Од сето ова ми фалеше само искуството, но не се откажав, туку напротив вложив огромна количива на енергија и го добив првиот мој уметнички проект. Охрабрен од позитивните реакции на моите пријатели, решив да продолжам понатаму и да ја комплетирам замислената гарнитура 6 столови и маса за која имав потреба во мојот двор.
Која беше најтешката за работа и колку време ви одзема?
– Навистина не можам да се одлучам кој проект беше најтежок за изработка. Многу проекти, предизвици, потрошена енергија, исклучителна тешка психичка и физичка работа, огромна жртва. Ако треба да се одлучам за потешките проекти би издвоил неколку. Двете бањи во галериите каде имам внесено многу креативност и употребував дрво, камен и некои материјали на кои им најдов примена за да креирам навистина уникатни креации. Морам да признаам дека користењето на ваквите бањи, навистина ги буди сетилата и предизвикува уживање, што е различно од веќе стандардните бањи.
Целиот текст тука