Целата руска Влада поднесе оставка

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека владата на земјата поднесува оставка.

Изјавата следеше веднаш по завршувањето на годишното обраќање на претседателот Владимир Пyтин до јавноста.

Пyтин ја прифати оставката на владата и побара од министрите да дејствуваат како привремена влада сè додека не се формира нова, пренесува РТ.

Пред да ја објави оставката на владата, Медведев се состана со Пyтин за да разговара со него за обраќањето до јавноста.

Путин рече дека планира да воспостави место заменик секретар во Рускиот совет за безбедност и да му го понуди на Медведев.

- Реклама -