Фијат Цаноски си поднел оставка од лидерската позиција на Партијата за европска иднина (ПЕИ), објави „Фокус“.
Цаноски, освен што ја потврдил информацијата, во изјава за порталот открива и дека се повлекува од политиката затоа што сака да им се посвети на внуците и семејството.
„Оваа политика во изминативе 16 години, колку што бев на сцена, навистина ме измори“, рекол Цаноски за „Фокус“, додавајќи дека повеќе ќе биде од помош надвор од политиката. Деталите и целата изјава – ТУКА.