Секгаш провакативна и спремна да го погоди нервот на конзервативната јавност, Гоца Тржан често е на удар на оние кои сметаат дека нејзиното слободно однесување е недозволено.Сепак,изгледа дека на популарната пејачка со остар јазик тоа не и преставува ни најмал проблем и ја користи секоја прилика да ги разбие предрасудите .Во искрен раговор за магазинот СВЕТ, разголена во креветот на претсадателскиот апартман во луксузен белградски хотел,Гоца говори за својата интима со која претходните неколку години интезивно ја интригира јавноста.
Неодамна во гостување во една емисија Гоца изјави дека спиела со триесетина мажи и тоа предизвика бурни реакции кај јавноста.
„Пред се неверојатно е некој да мисли дека на телевизија ја кажувам вистината кога се такви работи во прашање.Мојата работа е да провоцирам и лудо да се забавувам,што точно и направив.Целта да привлечам внимание беше во потполност остварена. Во шоу бизнисот е битно да си постојано во фокусот. Водителот ми постави индирекно прашање и не сакав да му одговорам искрено бидејќи ни самата незнам. Не сум броела,ниту пак тоа ме интересира. Забавно ми е кога ќе видам колку луѓето веруваат во се што им се пласира во медиумите“, коментира пејачката.