Отава, 16 август 2021 (МИА) – Канадскиот премиер Џастин Трудо најави предвремени општи избори во период кога земјата влегува во четвртиот бран на пандемијата на коронавирус.
Според испитувањата на јавното мислење, либералната малцинска влада предводена од Трудо има шанси да добие мнозинство гласови во овој момент.
49-годишниот либерален лидер рече: „Канаѓаните мора да изберат како да ја добијат борбата против Ковид-19“.
Канаѓаните ќе гласаат на 20 септември, околу две години порано од редовните избори.
Опозициските партии ги критикуваа либералите дека распишуваат избори за време на нов бран на пандемијата, само заради сопствена „политичка корист“.