Среќа со пари не се купува, но затоа можете да го зголемите чувството на задоволство. Експертите препорачуваат – кога ќе заштедите пари, потрошете ги на искуства (отидете на викенд, планинарење, авантура итн.) наместо да купувате предмети (како на пр. новиот телефон на кој му имате фрлено око).

Њујорк Тајмс спроведе анкета на научниците кои се занимаваат со истражување на корелацијата помеѓу парите, навиките на трошење и среќата. Резултатите се можеби очекувани, но сепак доста интересни.
Истражувачите откриле дека нештата што ги купуваме, фреквенцијата со која купуваме, па дури и темпирањето кога купуваме, севкупно влијаат на долготрајната среќа. Еден од најинтересните заклучоци до кои дошле е фактот дека трошењето на искуства (билети за концерти, аранжмани за викенди и одмори, часови по странски јазици и други вештини, хотелски соби во други градови итн.) даваат многу поголемо чувство на задоволство отколку купувањето предмети.
Крајниот заклучокот од сите обемни истражувања е дека само една категорија на потрошувачката позитивно влијае врз среќата и чувството на задоволство, а тоа е разонодата: спортски натпревари, културни настани, како и спортската опрема која знаете дека ќе ја користите.
Впрочем, потсетете се на сите одмори на кои некогаш сте биле. Колку убави спомени имате од нив, во споредба со купувањето на нов кауч? [Spending on Experiences Instead of Possessions Results in More Satisfaction]