Тројца македонски поети на фестивал во Загреб


Младите македонски поети Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски и Павлина Атанасова од 27 до 30 јуни ќе настапат на фестивалот „Стих у регији“ во Загреб, Хрватска. Ова гостување е дел од соработоката за размена на автори помеѓу Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб, Хрватска, и издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.

Јовановска, Медиќ Лазаревски и Атанасова ќе се претстават со нивната поезија пред загребската публика на повеќе читања, а во рамки на фестивалот ќе се одржи и посебен настан – разговор за нивната поезија, што ќе го модерираат Иван Херцег, директор на фестивалот, и Славомира Рибарова.

„Стих у регији“ е еден од најзначајните поетски фестивали во регионот, а настаните ќе се одржат во Загреб, во Вараждин и во Врбовец, и покрај македонските и хрватските, ќе настапат и поети од: Велика Британија, БиХ, Бугарија, Италија, Србија, Украина и Словенија.

Гостувањето на младите поети е помогнато од Министерството за култура.

- Реклама -