Тројанскиот коњ не постоел – Познати историски настани што најверојатно не се случиле

Сè додека некој не измисли временска машина, поголемиот дел од историјата ќе остане мистерија за нас.

Сепак, благодарение на записите и артефактите можеме да откриеме многу за нашето минато, а некои приказни се толку луди, што ве тераат да се запрашате дали се вистина.

Но бидејќи со текот на времето приказните се менуваат, не би требало да веруваме во сè што ќе слушнеме. Дури ни на историските „факти“.

Во продолжение прочитајте за историските настани што сигурно ви се познати, но што најверојатно не се случиле:

Викинзите не ги смениле имињата на Гренланд и Исланд

Мит

Викинзите ги промениле имињата на Исланд и Гренланд намерно, за странците да се држат понастрана од зелениот Исланд.

Вистина

Се верува дека Надод бил првиот од Нордијците кои стигнале до Исланд. Во 9-тиот век тој ја крстил областа Snaeland (Снежна земја), бидејќи тогаш врнело снег.

За името на Гренланд, најверојатно е одговорен Ерик Црвениот. Тој бил избркан од Исланд поради убиство, па решил да најде ново земјиште што ќе го претвори во империја.

Земјиштето го крстил Grfnland (Гренланд, или Зелена земја), со цел да привлече повеќе луѓе кои ќе се вселат таму.

Тројанскиот коњ не постоел

Мит

После 10-годишната опсада на Троја, Грците сè уште не можеле да го освојат градот. Па, тие направиле голем дрвен коњ, се скриле во него и се преправале дека се подготвуваат за заминување, а коњот го оставиле како подарок.

Кога Тројанците го внеле коњот во градот, Грците излегле, ги отвориле портите и уништиле сè.

Вистина

Според археолошките податоци, градот Троја бил запален. Тројанскиот коњ, пак, најверојатно е само приказна од Хомеровата „Одисеја“.

Врз главата на Исак Њутн не паднало јаболко

Мит

Исак Њутн седел под јаболкница, кога врз главата му паднало јаболко. Тогаш ја добил идејата за теоријата за гравитацијата.

Вистина

Јаболката можеби му помогнале на Њутн, но не како во приказната.

Откако Њутн си заминал од Кембриџ, се вратил дома и продолжил да работи на проблемите со кои се занимавал на универзитетот. Тој сметал дека гравитацијата влијае на големи растојанија.

Њутн ги набљудувал јаболката во градината на неговата мајка, но работел неколку години на математиката, за да ја добие крајната формула.

Телото на Волт Дизни не е замрзнато

Мит

Наводно, телото на познатиот Волт Дизни е замрзнато, за кога ќе постои соодветната технологија, тој да може да се врати во живот.

Вистина

Овој мит е побиен од ќерката на Дизни, Дајен. Во реалноста, Дизни бил кремиран.

Ајнштајн никогаш немал лоши оценки по математика

Мит

Многумина веруваат дека на Ајнштајн воопшто нему одела математиката на училиште.

Вистина

Ајнштајн бил одличен математичар и веќе на 15-годишна возраст знаел диференцијално и интегрално сметање. Доказ за тоа е и неговото свидетелство.

Целата статија тука

- Реклама -