Тој се родил три месеци по смртта на неговиот татко. Роден предвреме, бил толку мал, што можело да го собере во кригла пиво.
Кога наполнил три години, неговата мајка се омажила повторно и заминала со својот нов сопруг, оставајќи го детето на грижа на неговата баба.
Тоа тргнало на училиште во селото, во кое што живеело. Но кога наполнило 15 години, мајка му се вратила повторно, за да го земе од училиштето и да се обиде да го направи земјоделец. Момчето било многу несреќно, работејќи земјоделска работа. За среќа, еден од неговите наставници му помогнал да го заврши своето образование.
На 19 години, момчето се заљубило и по една година се верило со љубовта на својот живот. Сепак тој бил проголтан од истражувањата што ги правел, па романтиката се изгубила, чувствата се изладиле и девојката се омажила за друг. Момчето никогаш не се оженило. Тој среќавал предизвици насекаде низ животот.
Едно момче родено без среќа, живеело живот исполнет со тешкотии и борба за образование. Што очекувате од такво дете да постигне во животот? Размислете.
Како што раскажува озлогласената легенда, кога се замислил седејќи под една јаболкница, едно јаболко паднало врз неговата глава. И наскоро се родила теоријата на гравитацијата. Но со неа не се исцрпуваат неговите заслуги.
Кратките закони за движење, станаа основа на класичната механика;
Тој го измислил телескопот;
Бил професор во Кембриџ;
Член на парламентот;
Инспиративна личност за многу истражувачи;
Тоа е Сер Исак Њутн.
Ова и многу повеќе од наведените успеал да постигне човек, кој што избрал да им се оддаде на соништата и желбите. Да ги користи до крај можностите на својот ум.