Три венчаници што го освоија Париз

Круна на секоја колекција во високата мода и спектакл на крајот на ревиите на модните недели секогаш се венчаниците.

На париската писта оваа недела прошетаа стотици метри од најскапата ткаенина оживеани во магични тоалети, екстрагавантни комбинезони, софистицирани одела и венчаници како од бајките.

Токму невестинските фустани се издвоија на крајот на секоја ревија, како последен скапоцен камен во дизајнерската круна. Во колекциите за пролет/лето своја визија за невести покажаа Chanel, Elie Saab и Jean Paul Gaultier.

Најлемо изненадување беа фустаните на Chanel и тоа не само поради панталоните скриени под неколку слоеви материјал украсен со пердуви, туку заради отвореното изразување поддршка на истополовите бракови видлива благодарение на две идентично облечени невести.

chanel

chanel1

Jean Paul Gaultier својата жива колекција ја разигра и со невестински фустан со гол стомак збогатен со светкави детали.

jean jean1

Најраскошна, сепак, беше венчаницата на Elie Saab која својата блексавост им ја должи на стотината кристали од „Swarovski“.

eli saab

eli saab1

- Реклама -