Џесика Алба, една од најпривлечните холивудски актерки, виткоста ја постигнува без држење на класични диети, но со интензивно вежбање за кое признава дека воопшто не го сака. Никогаш не јаде брза храна, а повремено со своите ќерки јаде слатко. Дознај како Џесика Алба останува витка и во форма, а при тоа не откажувајќи се од омилената храна.
Јади храна од која се чувствуваш добро
Џесика Алба има две деца, годинава ќе полни 32 години, а изгледа како студентка. Судејќи според нејзините зборови, виткоста ја постигнува без спроведување на класични диети, но со интензивно тренирање.
„Диетите се за птици“, рекла Џесика за магазинот Self. „Мислам дека човекот треба да јаде храна од која се чувствува најдобро“. Има среќа затоа што најдобро се чувствува кога јаде здрава храна. „Не јадам многу преработена храна, а никогаш не јадам брза храна и ништо со многу шеќер“, рекла за US Weekly. „Јадам свежа и органска храна, која се состои од многу овошје и зеленчук“.
Важноста на миењето на органската храна
Џесика не јаде само органска и свежа храна, но тешко е да се открие било што нездраво во нејзината исхрана. Нејзиното мени по бременоста се состоело од месо од живина, риба, црн ориз, овесна каша, овошје, бадеми и малку сирење. Џесика настојува и на своите ќерки Онор (5) и Хевн (1.5) да им ги пренесе здравите навики. „Им давам интегрални намирници што е можно повеќе“.
Но, како што и самата не се откажува целосно од благото и на девојчињата им дозволува по некој десерт.
„Ако сакаат десерт, тогаш го спремаме Онор и јас. Правиме колачиња со чашки, кои ги јадат два или три пати неделно, а останатите денови добиваат овошје и сок од јаболко“.
Како заговорничка на хигиената Џесика предупредува на потребата од миење на свежото овошје и органската храна. „И органските производи имаат остатоци од пестициди и патоген, како што е бактеријата Ешерихија коли“. Џесика препорачува миење на овошјето и зеленчукот во вински оцет.
Метод 3-2-1
Како што не сака диети, не сака ни да вежба. Не само што не сака долго да вежба, туку можеби воопшто не би вежбала ако професијата не го бара тоа од неа. Вака, кога веќе мора, настојува да направи што повеќе вежби во што пократко време. „Не сум љубителка на вежбањето. За да издржам се снаоѓам така што во вежбањето внесувам елемент на забава“, рекла во интервју за US Weekly.
Така се определила за режимот на фитнес кој се состои од комбинација на вежби. Тоа е методот 3-2-1 кој го користат и други ѕвезди како Џесика Бил, Кејт Бекинсејл, Хју Џекмен и Рајан Рејнолдс. Се состои од три вежби за срце, две вежби за издржливост и една вежба за средните мускули. Клучот на овие вежби е префрлање на разни видови активности. Таквиот распоред го присилува телото на повеќекратно прилагодување, што го забрзува постигнувањето на посакуваниот ефект -подобра кондиција и витко тело. Оваа метода штеди време и еден тренинг трае половина час.
Таа наоѓа интересни начини за побрзо да ѝ помине времето во теретана. „Користам некои работи што ми го одвлекуваат вниманието: ТВ, Ајпод, магазини и зборување со пријателките. Добро е да имате партнерка за вежбање да може да зборувате и да не мислите на напорот“.
Таа е љубителка на танцот особено на хип-хопот, пливање, трчање на лента и возење велосипед.