Често поради бричење или депилација на кожата да се појавуваат црвенила, а тоа се случува кога влакната при депилација се прекинати во своите фоликули и почнуваат да растат назад во кожата. Грозните внатрешни влакненца може да се решат во неколку чекори.
Пилинг
Ако имате сува кожа, нежно отстранете ги мртвите клетки со ракавици за пилинг и гел. Исплакнете ја кожата со туш, и така таа повторно ќе биде мека поради топлината на водата и влажноста.
Пинцета
Додека кожата е се уште мека, веднаш по туширањето прегледајте ги нозете и бикини-зоната. Ако забележите некое влакненце кое е внатрешно пораснато, полека извлечете го со пинцета, но немојте да го чупате бидејќи можно е да направите раничка.
Крем за акни
Состојките на кремовите за акни се идеални за оштетувањата на кожата предизвикани од внатрешните влакна. Главната причина за ова е тоа што кремовите ги намалуваат отоците кои настануваат кога влакното ќе порасне под кожата. Одберете крема која има салицилна киселина или бензоил пероксид. Мачкајте се два пати дневно неколку дена, и влакненцата сами ќе излезат на површина.
Хидрирајте ја кожата
Набавете лосион за тело кој содржи алфа-хидрокси киселини и користете го што почесто можете. Така ќе го избегнете таложењето на мртвите клетки во кожата, па влакната полесно ќе може да се пробијат на површина.
Направете пауза со бричењето
Наједноставно решение е едноставно да не ги бричите нозете и бикини зоната неколку дена. Во тие неколку дена отоците и иритациите ќе спласнат. Кога следниот пат ќе се бричите, задолжително користете нов брич.