Не е точно дека римелот мора да биде многу скап за да има максимален ефект. Иако постојат разни брендови кои го нудат овој производ, одличен ефект можете да постигнете и со помош на најобичен римел и едно бесплатно помагало од вашиот паричник.
Потребно:
-Римел
-Визит картичка
Постапка:
1. Визит картичката потпрете ја на очните капаци, над самиот корен на трепките.
2. Четката на римелот повлечете ја низ трепките на класичниот, вообичаен начин.
3. Нанесете ја маскарата во два слоја.
На овој начин трепките ќе ги подигнете рамномерно и ќе ги обоите од коренот па се до врвот, а со самото тоа визуелно ќе имате и двојно поголеми и подолги трепки. Исто така, ќе го избегнете несаканото нанесување римел на очните капаци.
Истата постапка можете да ја примените и со долните трепки.