Трик кој ќе го сопре крварењето од носот за една минута

Веројатно сите некогаш сме се обиделе да примениме едноставни домашни рецепти со цел да спречиме некои досадни и иритантни здравствени проблеми како крвањење од нос, првут или икање. Некои успевале, некои не, но доколку се соочувате со некоја од овие непријатни појави во иднина, обидете се да ги спречите со некој од овие три начини.

1. Крварење од нос

Стуткајте едно поголемо парче хартија и ставете го во устата, во пределот меѓу горната усна и непцата. Држете го додека крварењето не сопре. Иако звучи необично овој трик го користат голем број на луѓе кои се соочуваат со овој проблем.

2. Првут

После миењето на косата со шампон и регенератор, со млака вода внимателно истријте ги корените на косата. Потоа, со чаша јаболков оцет поминете низ целиот скалп, и потоа повторно измијте ја косата со млака вода.

3. Икавица

Наполнете чаша вода и пијте ја со помош на сламка. Додека го правите ова, притиснете го со прстите пределот зад ушите, каде се соединуваат вратот и вилицата. Додека да ја испиете целата вода од чашата, икањето би требало да престане.

- Реклама -