Статус на Бранко Тричковски:
Замислете, почитувани пријатели, господинот што се заканува дека целата власт, на чело со Заев, ќе ја прати в затвор првиот ден кога ќе дојде на власт, типот што со своите партиски црви го разорува институционалниот поредок на државата, се жали дека власта и се одмаздувала на опозицијата со планот “Б” за јавното обвинителство.
Тоа покажува дека лидерот на чипираните идиоти е некоординиран со самиот себе.
Јас можам да бидам луд колку сакам и во Орешани и во својот дом во Скопје, можам малку да лудувам и во “Корзо”, може да биде луд и тој, на дното на некоја своја хидроцентрала, или на Пирин планина, во некој парк во Будимпешта итн., но не е убаво да биде луд во политичкиот простор, да биде и луд и лидер и премиер и сериозен кандидат за “Идризово”!
Инаку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати порака дека власта се обидува да и се одмазди на опозициската партија со најавениот план Б за законот за Јавното обвинителство со кој треба се реши статусот на СЈО. Тој денеска го повтори ставот на партијата и побара оставка од министерката за правда Рената Дескоска