Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска ќе се одржи трибина „Детска книжевна продукција“, проект на Ана Јовковска, докторанд на културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ и тематско продолжение на панел-дикусијата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.
„Фокусот е на литературата за деца, акцентирање на важноста од едукативната компонента, педагошката функција на литературата и уметноста, развивање на креативноста кај децата и поттикнување на љубопитството преку читање во правец на развивање на критичко, иновативно размислување, како и следењето на современите светски текови на детската продукција во рамки на литературата и илустрацијата“, соопшти Културно-информативниот центар – Скопје.
Говорници на трибината ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Ника Гавровска, авторка и уредничка во издавачка куќа „Гаврош“, и авторката Бистра Георгиева.
Извор: mia.mk