ТРИ ве кани на саемот на книгата

Devojkata_so_tetovaza_na_zmejИздавачкиот центар ТРИ, како и секоја година за Саемот на книгата подготвува многу нови наслови и случувања. На Скопскиот саем од 13 до 18 април ќе бидат промовирани неколку хит-книги, а меѓу нив главен адут ќе биде „Девојката со тетоважа на змеј“ од Стиг Ларсон, шведската книжевна сензација и еден од најчитаните трилер-романи во светот во последните две години. Овој роман е прв дел од трилогијата насловена „Милениум“, чија популарност ги надмина делата и на веќе етаблираните автори како Ден Браун и Роберт Ладлам.

Она што особено ќе ја израдува помладата читателска публика е објавувањето на последниот, четврти дел од фантастичната сага „Самрак“ на Стефани Мајер, насловена „Зазорување“. „Самрак“ е светски литературен феномен кој досега е прочитан од фантастични 85 милиони читатели на дури 48 светски јазици, и е вистински хит помеѓу македонските читатели. Понатаму, промовирана ќе биде уште една инспиративна книга од миленикот на македонската читателска публика, Робин Шарма, „Откријте ја вашата судбина со калугерот што го продаде своето ферари“, која е продолжение на мега-популарната „Калуѓерот што го продаде своето ферари; последната книга на гуруто Спенсер Џонсон „Врвови и долини“, а објавено ќе биде ново издание на култниот роман на Џек Керуак, „На пат“.

Специјален гостин на ТРИ на саемот ќе биде Светислав Басара, еден од најпопуларните современи српски писатели. Повод за неговото гостување е првото претставување пред македонската публика со романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“, кој ТРИ заедно со авторот ќе го промовира на 15 април на Скопскиот саем. Книгата ја доби НИН-овата награда за „Роман на годината 2007“, а за творештвото на овој познат автор, кој за прв пат се приопштува на македонски јазик ќе говори Оливера Ќорвезироска.

Објавени ќе бидат и неколку интересни детски книги, а преку издавачката куќа ПАБЛИШЕР ќе бидат промовирани свежи бизнис наслови, а меѓу нив „Бизнис-стилот на Ричард Бренсон“ од Дес Диарлав, „Како да станете вистински лидер“ од Џон Максвел, „Секој може“ од Сахар и Боби Хашеми и „Библија за продажба“ од Џефри Гитомер.

Во рамките на едицијата „Вљубени во книгата“, ТРИ го објави третото издание од „Последниот чај“ од Винка Саздова и четвртото издание на „Индиго Бомбај“ од Јагода Михајловска – Георгиева. Романите на Саздова и Михајловска – Георгиева се најпродаваните книги во изминатата година и ги надминаа сите досегашни тиражи од домашни и светски хит-мејкери. Поради големиот интерес, и обете авторки ќе бидат домаќини-гости на штандот на ТРИ, и ќе бидат достапни за посвета и разговор. Гости на штандот на ТРИ ќе бидат уште неколкумина македонски автори, меѓу кои и отец Методиј Златанов.

Ги каниме сите вљубеници во книгата да го посетат нашиот штанд и да си ги набават своите омилени изданија по популарни цени намалени до 60%.

BASARA
Na_Pat
posledniot_caj_NOVA
Richard_Branson1
Zazoruvanje
- Реклама -