Нема жена која не копнее за подолги нозе. Едноставно, никогаш не е доволно. Со неколку стилски и мудро одбрани детали, лесно можете визуелно да им додадете неколку центиметри плус на вашите нозе. Еве што треба или не треба да направите:
1. Висок струк
Ова е одличен начин да ја издолжите вашата фигура, дури и кога се во прашање тела со подолг труп. Имено, кројот на високиот струк одлично го ускладува телото дури и кога носите ниски потпетици.
2. Бојата на хулахопките ускладена со нијансата на чевлите.
Многумина сметаат дека „дебелите“ хулахопки можат спротивно да влијаат врз издолжувањето на нозете, но доколку ги искомбинирате со идентична боја на чевли, особено доколку станува збор за високи потпетици, тогаш дефинитивно имате полн погодок. Најдобро изглгледа во комбинација со црни хулахопки и чевли, а доколку е премногу топло за хулахопки, високи потпетици во бојата на вашата кожа ќе го имаат истиот ефект.
3. Избегнувајте високи потпетици кои се над глуждот или отворени напред
Ваквите модели, колку модерно и да изгледаат, сепак не им одат во прилог на девојките кои сакаат да направат визуелно нозете да им изгледаат подолго и потенко. Всушност, тие предизвикуваат спротивен ефект. Сепак, доколку не можете да им одолеете, препорачливо е да ги носите со здолниште или пантолони со висок струк, или хулахопки во иста боја, кои ќе создадат баланс.