Многу жени сакаат да танцуваат, но ретко кој танц се користи како начин за губење на килограмите. А играњето освен што е забавно е одлично и за обликување на телото. Танцот е близок сојузник со убавото и затегнато тело и ја зголемува неговата кондиција. Еве неколку предлози кои на забавен начин ќе ви помогнат во борбата со килограмите.
Зумба
Зумбата претставува комбинација од динамични елементи на латиноамериканскиот танд, што овој облик на вежбање го прави посебно забавен. Еден интензивен час зумба помага во трошењето на дури 600 до 800 калории. Најдобро од се е што за време на тренингот толку многу ќе се забавувате што ќе заборавите дека сте започнале да играте со цел да ослабете и да го обликувате телото.
Стомачен танц
Стомачниот танц е еден од најстарите и најпопуларни танци. Овој танц можат да го играат сите жени без разлика на градбата на телото и на годините. Тој овозможува голема слобода и креативност, а сензуалните чекори на многу жени им помагаат и при зголемувањето на самодовербата.
Латиноамерикански танци
Веројатно најпопуларни, латиноамериканските танци се идеални како за губење на килограми, така и за засилување на кондицијата и со самото тоа и обликување на целото тело. Доколку никогаш не сте заиграле ниту еден танц од овој тип, крајно време е да се запишете на часови и самите да ги увидите нивните благодети.